4.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТТОП ВЕСТИ

Кина: Речиси 60.000 пациенти со Ковид-19 починаа од 8 декември до 12 јануари

Кина денеска објави дека скоро 60.000 луѓе со Ковид-19 починале во болниците откако ненадејно ја прекина политиката на нулта толеранција за коронавирусот на почетокот на декември.

Помеѓу 8 декември и 12 јануари, вкупно 59.938 луѓе со просечна возраст од 80,3 години починале во кинеските болници од корона вирусот, рече Џиао Јахуи, директор на Бирото за медицинска администрација при Националната здравствена комисија, на брифинг за медиумите.

Таа рече дека 5.503 смртни случаи се предизвикани од респираторни проблеми поради Ковид-19, додека 54.435 се резултат на комбинација на корона вирус и други болести.