9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Ди Карло: Нема индикации за крај на војната

Заменик-секретарот на ОН за политички и мировни прашања, Розмари Ди Карло, во Советот за безбедност објави дека „нема знаци за крај на конфликтите“ во Украина и дека во моментот „преовладува воената логика, со многу малку или воопшто , простор за дијалог“.

За време на состанокот на Советот за безбедност во петокот, Ди Карло рече дека високиот комесар на ОН за човекови права потврдил 18.096 цивилни жртви од почетокот на рускиот напад врз Украина на 24 февруари 2022 година, но дека реалните бројки веројатно се многу поголеми.

Амбасадорката на САД во светската организација Линда Томас-Гринфилд на средбата изјави дека од август „Иран префрлил стотици беспилотни летала во Русија, што ја прекршува резолуцијата 2231 на Советот за безбедност на ОН“, додека Северна Кореја испорача противпешадиски ракети и проектили за Москва, кои се наменети за паравоената формација „Вагнер“, која ги прекршила и резолуциите на СБ на ОН за санкции.

Заменик-министерот за надворешни работи на Украина, Емина Јапарова, на состанокот објави дека „поголемиот дел од руските ракетни и беспилотни напади се насочени кон цивилна инфраструктура, односно 62 отсто од сите удари“, пишува британскиот весник. Таа повика на воведување нови санкции во „секторите од посебно економско значење за Русија“.

Целосното ембарго на нафтата и гасот, исклучувањето на руските банки од глобалниот финансиски систем е цената што треба да ја плати државата агресор“, рече Јапарова, според Гардијан.

Постојаниот претставник на Русија во Обединетите нации Василиј Небензја изјави дека војната во Украина може да се стави крај само кога целите на Москва ќе се постигнат со преговори или воени средства, пренесува ТАСС.

„Можноста за прекин на специјалната воена операција во Украина ќе се појави дури кога Киев ќе престане да претставува закана за Русија и да ги дискриминира Украинците кои зборуваат руски. Доколку овој резултат може да се постигне преку преговори, ние сме подготвени за такво сценарио. Во спротивно, нашите задачи ќе бидат остварени со воени средства“, рече Небензја во петокот на седницата на Советот за безбедност на ОН за Украина.

Спонзорирано: