19.8 C
Скопје
16. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Блашчак: Полска ќе ја има најсилната армија во Европа

Од почетокот на инвазијата на Украина, Полска е означена како „прва линија на одбрана“ на руската агресија против Европа.

Министерот за одбрана на оваа земја Мариуш Блашчак во интервју за полските медиуми најави брз раст на воената моќ на Полска.

Тој рече дека воената поддршка за Украина ќе продолжи, така што и покрај целото гостопримство на Полјаците, сепак ќе се избегне нов бран мигранти.

– Ќе бидеме најсилната армија во Европската унија, згора на тоа, веќе можеме да прочитаме во странскиот печат дека ја градиме најсилната армија во Европа. Подложени сме на критики од опозицијата. Верувам дека тие што не критикуваат и исмеваат не и нанесуваат штета на Полска – изјави тој за ТВП Инфо.

Тој додаде дека полската армија никогаш не била толку силна како денес, а со помош на новите одредби што се донесени, ќе биде уште посилна.

Тој објасни дека Полска е на пат да создаде армија од 300.000 луѓе. Според него, на крајот на минатата година оружје поседувале 164.000 Полјаци. За споредба, во 2015 година таа бројка беше само 95 илјади.

Тој објасни дека целта на владата не е само да ја зајакне полската армија, туку и да ја поддржи Украина, чија критична инфраструктура е под оган.

– Полјаците се многу гостопримливи, затоа што прифатија милиони бегалци, но ако може да се спречи следниот миграциски бран, тогаш тоа мора да се направи со поддршка на Украина, со обезбедување противвоздушни и противракетни инсталации, а токму тоа САД прават – заклучи тој.

Спонзорирано: