12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

Бајден ќе одржи говор за состојбата на нацијата на почетокот на февруари

Американскиот претседател Џо Бајден ќе одржи говор за состојбата на нацијата на 7 февруари, традиционалниот политички говор на претседателот пред Конгресот на САД. Во согласност со традицијата, претседателот на Претставничкиот дом, републиканецот Кевин Мекарти, во петок го покани да им се обрати на парламентарците.

Бајден „со нетрпение очекува да разговара со републиканците, демократите и земјата за тоа како да работат заедно за да продолжиме да градиме економија која работи за сите, зајакнување на нашата конкурентност во светот, одржување на американскиот народ безбеден и обединување на земјата“, објави Белата куќа.

За прв пат откако беше избран, претседателот ќе се обрати пред поделениот Конгрес: републиканците освоија тенко мнозинство во Домот по среднорочните избори во ноември. Демократите ја задржаа контролата врз Сенатот.

„Американскиот народ не испрати во Вашингтон за да и дадеме нов правец на земјата, да најдеме заеднички јазик и да разговараме за нашите приоритети“, вели во писмото претседателот на Претставничкиот дом, републиканецот Кевин Мекарти.

Спонзорирано: