Јапонскиот премиер Фумио Кишида и американскиот претседател Џозеф Бајден се договорија во Вашингтон за продлабочување на заедничката безбедносна соработка со цел да се спротивстави на влијанието на Кина во индо-пацифичкиот регион.
Бајден ја поддржа неодамнешната одлука на Јапонија практично да го удвои воениот буџет на земјата во следните пет години и на тој начин да се подготви за можни закани од Кина и Северна Кореја.
Кишида во Белата куќа рече дека Јапонија и САД се во „сложена безбедносна средина“ и дека радикалното зголемување на воениот буџет на Јапонија ќе им помогне на заедничките напори на Токио и Вашингтон и политиката на одвраќање на Кина.