12.8 C
Скопје
16. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

СИТУАЦИЈА ОПАСНА ПО ЖИВОТ: Торнадо во Америка оштети куќи, урна далноводи, корнеше дрвја (ВИДЕО)

Во американските сојузни држави Алабама и Кентаки денеска силно торнадо оштети куќи, урна далноводи и корнеше дрвја, соопшти Националната метеоролошка служба во Бирмингем и Луисвил.

Градоначалникот на Селма, Џејмс Перкинс, изјави за VSFA дека најмалку едно лице се верува дека е заробено во зградата, а уште едно лице може да се води како исчезнато.

Повеќекратни предупредувања за торнадо беа издадени денеска во Алабама, Мисисипи и Тенеси.

Националната метеоролошка служба во Луисвил, Кентаки потврди дека торнадо ЕФ-1 падна во округот Мерсер со соборени далноводи, оштетени домови и соборени дрвја.

Во соопштението на Националната метеоролошка служба во Бирмингем се вели дека торнадото предизвикало штета додека се движело низ градот Селма, како и низ другите окрузи во Алабама.

Националната метеоролошка служба издаде предупредување за торнадо во неколку окрузи северно од главниот град на Алабама, Монтгомери.

– Ова е животно загрозувачка ситуација. Засолни се сега – метеоролошката служба предупреди на торнадо.

Спонзорирано: