19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАБИЗНИС

Сензационално откритие во Шведска: Во овој рудник започнува независноста на ЕУ од Русија и Кина

Најголемото европско наоѓалиште на ретки метали, кои се користат за мобилни телефони, но за проектили, е пронајдено во Шведска, јавува Би-би-си.

Ретки метали во моментов не се ископуваат во Европа, а шведскиот министер го поздрави откритието како начин да се намали зависноста на ЕУ од Кина. Имено, околу 98 отсто од ретките метали користени во ЕУ во 2021 година се увезени од Кина.

Откритието се смета и за „клучно“ за зелената транзиција, со оглед на очекуваното зголемување на побарувачката за електрични возила и турбини на ветер.

Наводно, повеќе од милион тони ретки метали се пронајдени на крајниот север на Шведска.

Иако откритието е значајно, според американската проценка тоа е само дел од светските резерви од 120 милиони тони, наведува Би-би-си.

Терминот се однесува на група од 17 елементи кои се користат за правење низа производи и инфраструктура кои се сè поважни за секојдневниот живот.

Тие можат да се најдат во мобилните телефони, хард дисковите и возовите, а некои се од суштинско значење за воена опрема како што се системите за наведување проектили.

Побарувачката за нив се очекува да се зголеми петкратно до 2030 година, но нивното извлекување е тешко и потенцијално штетно за животната средина.

– Литиумот и ретките метали наскоро ќе бидат поважни од нафтата и гасот – изјави минатата година европскиот комесар за внатрешен пазар, Тиери Бретон.

Зборувајќи на прес-конференција, шведскиот министер за енергетика Еба Буш вчера рече дека ЕУ е „премногу зависна од други земји“ и инсистираше на промени.

– Во рудникот ќе започне електрификацијата, самодоволноста на ЕУ и независноста од Русија и Кина – рече Буш.

Извршниот директор на рударската компанија ЛКАБ Јан Мостром истакна дека новооткриените суровини може да не стигнат на пазарот пред 10-15 години, бидејќи поради проценката на еколошкиот ризик, процесот на издавање дозволи трае долго.

Спонзорирано: