11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Руско МНР
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Лавров: Секоја француска испорака на оружје е легитимна цел за руските сили

Франција бара да ѝ испорача лесни борбени тенкови AMX 10-RC на Украина во рок од два месеца, изјави денеска францускиот министер за вооружени сили, Себастиен Лекорну.
Добивај вести на вибер

Францускиот претседател Емануел Макрон претходно во разговор со својот украински колега Володимир Зеленски рече дека Франција ќе испорача или оклопни возила или тенкови AMX 10-RC..

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, рече дека секоја пратка од Франција, која содржи оружје, ќе биде легитимна цел за руските сили.

Министерството за надворешни работи на Русија претходно објави дека земјите од НАТО играат војна со снабдување со оружје на Украина, а портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека пумпањето на Украина со оружје од Запад не придонесува за руско-украинските преговори и ќе има негативен ефект.

Спонзорирано: