11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Курти: Секој месец треба во Брисел да се одржуваат средби со Вучиќ

Премиерот на Косово, Албин Курти изјави дека средбите во Брисел со претседателот на Србија, Александар Вучиќ треба да се одржуваат секој месец.

Тој во интервју за „РТК“ вели дека верува оти морале да имаат почести средби бидејќи имало многу несогласувања и мала доверба и дека не знае точно зошто се случило тоа.

„Сепак, се надевам дека оваа година ќе има поголема посветеност од меѓународната заедница, особено од Европската Унија и Соединетите Американски Држави, за да се изврши поголем притисок врз Белград“, рече Курти.

Спонзорирано: