12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Канада: Експлозија во фабрика за полнење пропан, се бараат неколку работници

Експлозијата се случила во објект во сопственост на Propane Lafortune, по што фабриката се запалила.

Неколку работници се исчезнати по силната експлозија што се случи во четвртокот во фабрика за полнење пропан во Монтреал, Канада.

Градските власти соопштија дека тројца или четворица работници се водат за исчезнати по експлозија во фабрика за пропан во областа Сент Рох-де-л’Ачиган, северно од Монтреал.

Стефани Териен, помошник генерален директор во регионалната општина, рече дека потрагата по тројца или четворица вработени продолжува.

Експлозијата се случила во објект во сопственост на компанијата Propane Lafortune околу 11:20 часот по локално време. Териен нагласи дека по експлозијата фабриката се запалила.

„Сведоците кои се обидоа да влезат за да помогнат мораа да излезат што е можно побрзо бидејќи покривот се урнал“, рече Териен.

Во областа на пожарот има многу цистерни и цевки со пропан. Териен изјави дека во регионот пристигнале засилувања на пожарникари од околните градови, како и голем број амбулантни возила.

Спонзорирано: