3.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Драма кај Панчево, од цистерна истече амонијак: Едно лице пренесено во болница – Евакуирано население

Од цистерна синоќа во населбата Топола Рит кај Панчево истекол амонијак. Инцидентот се случил на товарната линија. На едно лице и е укажана лекарска помош и е префрлено во болницата во Панчевац каде е на терапија со кислород.

Според српските медиуми, истекувањето на амонијак се случило околу 23 часот. Полицијата и пожарникарите излегле на лице место. Тие се уште се на теренот. Жителите од десетина куќи во близина се евакуирани. Според извештаите, веќе нема никаква опасност за граѓаните. Железничката пруга каде дошло до истекување води кон Азатори.

Да потсетиме, на југоистокот на Србија воз со амонијак излета од шините на 25 декември 2022 година, поради што 51 лице беа хоспитализирани. Во возот имало 20 цистерни со амонијак, а најмалку еден од нив паднал во коритото на реката Нишава при лизгањето, што предизвикало бурна реакција на амонијак во контакт со вода.