9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Земјотрес со јачина од 3,4 степени според Рихтеровата скала во БиХ

Земјотрес со јачина од 3,4 степени според Рихтеровата скала утрово го погоди подрачјето на Мостар, односно Столац, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).

Според податоците од овој центар, земјотресот се случил околу 8.30 часот на три километри од Столац, односно 34 километри од Мостар.

Земјотресот е почувствуван и во Далмација.

„Убаво се почувствува“, напиша еден жител на Столац.