12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

(Видео) Возач влета во пешачка зона во Кина, пет лица загинаа

Кинеската полиција уапси маж кој со својот автомобил влета во пешачка зона, при што уби пет лица, а повреди 13, јавува Би-би-си.

Инцидентот предизвика гнев во јавноста, при што многумина го обвинија човекот дека намерно ги прегазил луѓето.

Како што додава британскиот јавен сервис, на видеата објавени на социјалните мрежи се гледа како возачот излегува од автомобилот и фрла пари во воздух веднаш по трагедијата.

Инцидентот се случи во средата за време на вечерниот шпиц на голема раскрсница во јужниот град со 19 милиони жители.

Спонзорирано: