9.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАТЕМАСВЕТ

(ВИДЕО) Путин ги загуби нервите и среде средба почна да вика на министерот: Зошто се правиш луд?

Рускиот претседател Владимир Путин присуствуваше на состанокот на министрите во Владата, а во еден момент го нападна министерот за економија и вицепремиер Денис Мантуров.

Мантуров во еден момент започна брифинг за напредокот на потпишувањето на договорот во областа на воздухопловството за 2023 година. Таму беа дадени нарачки за нови авиони, воени и цивилни. Путин очигледно не бил задоволен од тие информации.

– Нема цврсти договори, Дениз. Тие не разбираат што треба да прават. Сè трае предолго, очекувам се да забрзате. Нема договори за фирми во 2023 година. Дали разбираш за што зборувам – го праша Путин.

Мантуров се обиде да му објасни на Путин дека договорите постојат.

-Претседателе, имаме договори во рамките на Министерството за одбрана. Дел од договорот за производство на хеликоптери се и лизинг компаниите. Имаме сè подготвено за договори за воздухопловство – рече Мантуров.

Тоа објаснување не беше доволно за рускиот претседател.

– Господине Мантуров, имате скици, немате договор. Ајде да разговараме по состанокот. Знам дека нема договори со фирми, тоа ми го кажаа директорите. Што правиш лудо? Кога ќе бидат договорите? – рече Путин.

Мантуров по тоа прашање ја наведна главата и повеќе не се огласи. Инаку, руската авијација се соочува со недостиг од борбени авиони.

Спонзорирано: