5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Светската здравствена организација: Вакцинирајте се и заштитете се и себеси и другите од добивање на вирусот

Светската здравствена организација објави видео, во кое наведува дека има толку многу што можете да направите за вашето здравје и вашите најблиски за да се заштитите од коронавирусот.

Според д-р Марија ван Керхове, сè почнува со вакцинацијата.

„Не е важно само што сте биле вакцинирани, туку и кога била вашата последна вакцинална доза. Кога последен пат сте биле вакцинирани? Многу е битно луѓето што се изложени на висок ризик за тешка болест, лицата над 60 години, луѓето што се со намален имунитет и нашите работници на првата линија, кои се многу изложени на овој вирус, да го добијат точниот број дози од вакцината, затоа вакцинирајте се“, вели Керкова.

Таа додаде дека вакцините се важни против сериозни болести и смрт, но има уште многу што можете да направите за да спречите да се заразите.

Носете маски кога сте опкружени со луѓе и во затворени простории, внимавајте да ги отворате прозорците и да ја проветрите областа во која се наоѓате, да одржувате растојание и да се тестирате.

Има толку многу работи што можете да ги правите додека ги правите секојдневните активности.

Спонзорирано: