4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Русија воведе санкции против 36 британски државјани

Министерството за надворешни работи на Русија воведе санкции против 36 британски државјани.

Меѓу нив има новинари, членови на британската влада и припадници на безбедносните служби.

Министерството објави дека овој потег е поврзан со „антируската насока на британската влада, која активно го применува механизмот на лични санкции и води интензивна пропагандна кампања за дискредитација на Русија и нејзина изолација во меѓународната заедница“.

Министерството не ги објави имињата на санкционираните британски државјани.

Од почетокот на руската инвазија на Украина во февруари минатата година, Москва најави санкции против стотици британски граѓани.