13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Pixabay
СВЕТ

Принцот Хари возвраќа на критиките дека обелоденил колку луѓе убил во Авганистан

Британскиот принц Хари возврати на реакциите на неговата рекордно продадена книга, автобиографија, нагласувајќи дека е особено вознемирен што некои медиуми го коментираа неговото обелоденување дека убил 25 луѓе во Авганистан додека служел како пилот на воен хеликоптер како „лага со која се пофалил“.

Во својата книга „Резерва“, помладиот син на кралот Чарлс Трети, раскажува за своите две тури во Авганистан, првин како контролор на воздухопловството во 2007/2008 година и повторно во 2012 година, кога бил копилот-стрелец во борбените хеликоптери „апачи“, и за бројот на луѓе што ги убил.

Британските весници, жестоко критикувани во книгата, и некои поранешни високи воени личности во Британија ја нападнаа неговата одлука да ја обелодени цифрата на оние што ги убил предупредувајќи дека тоа би можело да го стави него и другите во ризик од одмазда.

Во разговор со американскиот водител на емисијата „Д’ лејт шоу“, Стивен Колбер, војводата рече дека печатените медиуми ги извртеле неговите зборови за да го извадат од контекст обелоденувањето и дека тој ја спомнува бројката за да го намали бројот на самоубиства на воени ветерани.

„Без сомнение, најопасната лага што ја кажаа е дека сум се пофалил со бројот на луѓе што ги убив во Авганистан“, рече принцот Хари.

„Направив избор да го споделам бидејќи поминав речиси две децении работејќи со ветерани во светот, мислам дека најважно е да се биде искрен и да може да им се даде простор на другите да може да ги споделат своите искуства, без никаков срам“.

Во вторникот (10 јануари) издавачот на книгата на Хари рече дека Spare е најбрзо продавана нефикциска книга во Обединетото Кралство досега. Интимните откритија за неговиот живот и животот на другите членови на кралското семејство, како и неговите обвинувања дека тие работеле со непријателски настроените весници, со денови доминираат во британските медиуми.

Изданието Spare на англиски јазик е продадeно во повеќе од 1,43 милион примероци во сите формати во САД, Канада и во Велика Британија првиот ден од објавувањето.

Спонзорирано: