18.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Нехамер: Австрија ќе му помогне на Косово на патот кон членство во ЕУ

Австрискиот канцелар Карл Нехамер вети денеска дека ќе му помогне на Косово на патот кон членство во ЕУ, за да ги убеди петте земји од ЕУ кои не ја признаваат независноста на Косово да го сторат тоа. Нехамер рече дека Австрија „ќе биде мост за изнаоѓање начин да се убедат земјите-членки да го пречекаат Косово во европското семејство“, пренесува Коха.

Тој, исто така, рече дека Австрија е подготвена да испрати дополнителни војници на Косово под команда на КФОР доколку таа мисија го побара тоа.

Нахамер истакна дека Австрија е целосно подготвена да обезбеди војници доколку тоа го побара НАТО и дека е подготвена на кој било начин да помогне во дијалогот.

„Важно е да се каже дека има земји од ЕУ кои не го признаа Косово. Важно е Австрија да изгради мост, да најде начин да ги убеди земјите-членки дека е правилно и важно да се пречека Косово во европското семејство“, рече Нехамер.

Австрискиот канцелар рече дека има многу добра соработка меѓу полициите на Австрија и Косово.

„Косово е една од земјите кои веднаш понудија поддршка по терористичкиот напад во Виена“, рече тој.

Спонзорирано: