10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАСВЕТТОП ВЕСТИ

Израелскиот претставник тврди дека Вучиќ ја спречил Третата светска војна

Претставникот од Кнесетот, Боаз Топоровски, напиша авторски текст за „Џерусалим пост“ во кој ја анализира светската политичка криза, како и тензиите меѓу Истокот и Западот.

Топоровски изјави дека имајќи ја предвид актуелната глобална ситуација, има потреба од „силно, здраво и умерено лидерство кое знае да маневрира меѓу различните интереси, а со тоа да спречи војни и да придонесе за меѓународната стабилност“.

– Избегнувајќи го меѓународното внимание, Александар Вучиќ, претседател на Србија од 2014 година, се вклучи во сложени напори за одржување на стабилноста на Балканот. Сеќавајќи се дека во Србија изби Првата светска војна, Вучиќ работи на тоа да спречи нова. Дополнително, на границата меѓу Србија и Косово има постојани тензии поради провокациите на Косово против српското малцинство на неговата спорна територија – пишува Топоровски за „Џерусалим пост“.

Тој додава дека се зголемува притисокот од српската јавност врз раководството да заземе поостар став кон провокациите на Косово.

– Сигурен сум дека Косово има свои објаснувања, но како може да го оправда континуираното малтретирање на српското малцинство? – прашува Топоровски.

Тој посочува дека Србија има стратешка позиција во Источна Европа, како мост меѓу Истокот и Западот. Со оглед на тоа што Русија се противи на признавањето на Косово како независна држава, Топоровски смета дека секоја грешка во однос на Косово може да доведе до конфликт меѓу Западот и Истокот, Русија и НАТО, Кина и САД.

– Наспроти тврдењата дека Србија ќе започне војна, Вучиќ отиде на граница за да го реши спорот и да постигне договор што спречи ескалација. Тој се потпира и на помошта на американската администрација, која ја сфати тежината на потенцијалната криза. Вучиќ покажа што е тоа лидерство – истакнува Топоровски за „Јерусалим пост“.

Спонзорирано: