11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

„Хјуман рајтс воч“: Помошта за Украина треба да се примени и во други земји

Меѓународната невладина организација „Хјуман рајтс воч“, со седиште во Лондон, во својот годишен извештај оцени дека меѓународната помош за Украина поради руската инвазија треба да се применува и во други земји во кои се прекршени човековите права.

Во извештајот на повеќе од 700 страници се споменуваат кршење на човековите права во 2022 година во светот, особено во Кина, Авганистан, Иран, Етиопија и во Украина.

„Поради војната во Украина, во светот се вклучи светло за меѓународен одговор и посветеност на меѓународната правда“, изјави Тирана Хасан за „Франс прес“.

Организацијата наведува дека руските сили во Украина се извор на масовно кршење на човековите права, особено на цивилното население. Таа додаде дека ја поздравува брзината на реакција на Меѓународниот кривичен суд, кој поведе истраги, како и санкциите воведени кон Русија од страна на Европската Унија, САД и Велика Британија.

„Никогаш во историјата не сме виделе таков координиран меѓународен одговор“, рече Хасан додавајќи дека таков одговор треба да се даде и на слични ситуации во други земји во кои се пријавени прекршувања на човековите права.

Спонзорирано: