10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Двајца Босанци уапсени во полициска акција во Австрија и Словенија: Превезувале и продавале дрога во ноќен клуб

Во вчерашната акција на австриската и словенечката полиција извршени се претреси на повеќе локации во овие две земји, при што се пронајдени поголемо количество наркотици.

Уапсени се седум лица кои се осомничени за шверц на наркотици, меѓу приведените има и двајца државјани на Босна и Херцеговина. Засега не е познат идентитетот на осомничените, освен информациите дека се на возраст меѓу 25 и 64 години.

Според австриски „Курир“, полицијата им влегла во трага на шверцери кои повеќе од една година превезувале стока преку австриско-словенечката граница.

Во вчерашната рација полициските органи пронашле 12 килограми канабис и околу килограм кокаин. Уапсените имале свој „курир“ кој редовно превезувал дрога преку граница. Дрогата била земена на тој начин што била скриена во магацин и ноќен клуб, од каде понатаму се продавала.

-Од тактички причини полицијата и јавното обвинителство не се огласија во оваа прилика, ниту пак можеме да дадеме релевантни информации, бидејќи тоа би ја загрозило акцијата која се уште е во тек – изјави Елена Хаслингер, портпарол на обвинителството во Салцбург.

Спонзорирано: