13.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Џил Бајден во болница: Првата дама на САД беше оперирана

Првата дама на САД Џил Бајден беше оперирана за отстранување на две канцерогени лезии на кожата, објави претседателскиот лекар.

Двете лезии претставуваат најчест облик на рак на кожата, напиша д-р Кевин О’Конор во меморандумот, пренесе Би-Би-Си.

За време на операцијата е отстрането целото канцерогено ткиво, а на Бајден му оди добро, рече д-р Конор.

Лекарите препорачаа отстранување на лезиите „како мерка на претпазливост“ по рутински преглед на почетокот на овој месец.

Секоја година на 3,6 милиони Американци им се дијагностицира оваа болест. Оваа форма на рак на кожа напредува бавно и може да се излечи со минимална штета доколку се преземе навреме третман.

Спонзорирано: