18.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Будимпешта: Неприфатлива одлука на ЕК за одбивање средства на универзитетите

Унгарија денеска оцени дека не е прифатлива одлуката на Европската комисија да им одбие средства од фондот на ЕУ на одредени унгарски универзитети нагласувајќи дека Будимпешта ги исполнила барањата на Унијата во однос на измените.

Европската комисија во декември објави дека ќе задржи 22 милијарди евра од кохезионите фондови на ЕУ за Унгарија додека владата во Будимпешта не ги исполни условите поврзани со независноста на судството, академската слобода, правата на ЛГБТ и системот за азил.

Шефот на кабинетот на унгарскиот премиер, Ѓерѓи Гуљас, рече дека одлуката на Комисијата, која влијае на институциите управувани од таканаречените фондации на јавен доверба, е неоправдана бидејќи Унгарија го исполнила барањето на Брисел за промени.

Спонзорирано: