11.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Автомобил влета во пешаци, најмалку петмина загинати

Автомобил удрил во пешаци на раскрсница во јужниот кинески град Гуангжу денеска попладне пренесуваат регионалните медиуми.

Во несреќата загинале пет пешаци, а 13 се повредени.

Локалните власти соопштија дека 22-годишен маж, бил контролиран од полицијата за понатамошна истрага по несреќата.

Доставувачот по име Луи, кој бил сведок на несреќата, изјавил дека видел црно „БМВ“ како со голема брзина влегува кон раскрсницата.

Како што изјавил, возачот не застанал, а потоа побегнал.

Засега не се знаат причините кои довеле до инцидентот.

Спонзорирано: