10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Зеленски: Во Соледар речиси и да нема ѕидови, земјата е покриена со руски трупови

„Речиси и да нема повеќе ѕидови во Соледар, а земјата е покриена со руски трупови“, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, додавајќи дека Бахмут и Соледар се држат и покрај огромното уништување.

„Исклучително е тешко, речиси и да нема цели ѕидови… Благодарение на нашите борци во Соледар, Украина доби дополнително време и сила“, рече тој, а пренесува „Гардијан“.

Украинските власти, предводени од врховниот командант Валериј Залужни, предупредија дека Русија подготвува војници за нова голема офанзива против Украина, веројатно против главниот град Киев.

Русија во последните денови се фокусираше на Соледар. Доколку го заземе, ќе може да ги опколи украинските сили во областа, анализира медиумот.

Спонзорирано: