9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

За една недела се заразиле речиси 240 граѓани со коронавирус, за прв пат по долго време има и починати

Тестирани се вкупно 2.063 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, како што пишува Центар.мк со намалување од 11,8% во однос на минатата недела.

Регистрирани сe 238 нови позитивни случаи од 23 градови во државата, за 6,3% помалку во
однос на минатата недела. Процентот на позитивност се движи од 2,8% до 18,7%,
просечно 11,8%.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје, пишува Центар . Највисока инциденца е
регистрирана во Скопје , Македонски Брод и Гевгелија.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи, со најголем број на случаи пријавени
во возрасната група над 60 години . Се забележува намалување кај возрасните
групи од 20-29 (-5,3%), 30-39 (-36,6%), 40-49 (-12,2%) и 50-59 години (-35,2%), а зголемување кај
возрасните групи од 10-19 години (+75,0%) и над 60 години (+23,6%). Ист број број во
последните две недели е регистриран кај најмладите, децата од 0-9 години.

Во текот на минатата недела со статус „оздравени“ се стекнале 242 лица во хоспитални услови или на домашно лекување, со зголемување од 0,8% во споредба со минатата недела (n=240).

Во текот на минатата недела пријавени се 87 реинфекции, за 12,1% помалку во однос на
претходната недела (n=99).

Во текот на последната недела (02-08.01.2023), пријавени се 2 починати лица од Велес (60 г.) и
Скопје (90 г.) со коморбидитети и починати во болнички услови.

Спонзорирано: