Зголемувањето на бројот на заразени од коронавирус во Кина не би требало да има значително влијание врз Европа бидејќи варијантите што кружат таму веќе се присутни во европскиот регион, објави Светската здравствена организација.
„Се очекува сегашното зголемување во Кина да има значително влијание врз епидемиолошката состојба на Ковид-19 во европскиот регион“, рече регионалниот директор на СЗО, Ханс Клуге, на онлајн прес-конференција.
Тој ги повика европските земји да преземат само „соодветни и недискриминаторски“ мерки против патниците од Кина.