9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Силен земјотрес ја погоди Турција

Земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала е регистриран во Турција пред неколку минути, јавува EМСЦ.

Земјотресот се случил во 10:38 часот по локално време, а епицентарот е регистриран во морето, на 192 километри од Измир, третиот по големина турски град.

Регистриран е на длабочина од 10 километри, а земјотресот е почувствуван низ целиот турски западен брег, во Истанбул, но и на некои грчки острови во Егејското Море.