14.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Песков: Конфискација на руски имот е незаконски според меѓународното право

Обидите за конфискација на руски имот се незаконски според меѓународното право, а сите земји што ја поддржуваат оваа идеја ќе ги почувствуваат последиците, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Јасно е дека естонските власти сакаат да бидат добри студенти и да направат преседан во оваа област. Какви и да се преземат мерки во тој контекст, тие ќе бидат апсолутно безначајни и незаконски од гледна точка на меѓународното право и, се разбира, ќе имаат последици за оние земји што барем на некој начин се придржуваат до таа идеја“, рече Песков.

Тој оцени дека САД и НАТО де факто станаа индиректна страна во конфликтот во Украина преплавувајќи ја Украина со оружје, технологија и разузнавачки информации.

Тој ги отфрли како неточни најавите од социјалната мрежа „Телеграм“, во кои се наведува дека заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, во Турција разговарал со поранешниот американски специјален претставник за преговори за Украина, Курт Волкер, и со потсекретарот за политички прашања.

Спонзорирано: