6.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Русија забрани мапи на кои Крим не е дел од неа: Тоа е екстремистички материјал

Владата на Русија го поддржа амандманот кој ги класифицира мапите што го оспоруваат официјалниот „територијален интегритет“ на земјата како казнив екстремистички материјал. Во амандманот се наведува дека „картографските и другите документи и фотографии кои го оспоруваат територијалниот интегритет на Русија“ ќе бидат класифицирани како екстремистички материјали, објави државната новинска агенција Тасс, повикувајќи се на Си-Ен-Ен.

Двосмисленото руско законодавство против екстремизмот, кое меѓу другото се однесува на верските организации, новинарите и нивните материјали, како и на деловните активности, му овозможи на Кремљ да изврши поголем притисок врз неистомислениците.

Како што пренесува Тасс, новиот амандман се појави откако пратениците посочија дека некои карти дистрибуирани во Русија ја оспоруваат „територијалноста на Кримскиот Полуостров и Курилските острови“.

Русија го анектира украинскиот полуостров Крим во 2014 година, потег што Украина и многу земји го нарекоа нелегален. Оттогаш, Украинците и нивната влада се противат на мапите на светот кои го прикажуваат Крим како дел од руската територија. Русија и Јапонија се расправаат за група острови во близина на јапонскиот остров Хокаидо. Советскиот Сојуз ги окупираше Курилските острови на крајот на Втората светска војна.

Спонзорирано: