13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАСВЕТТОП ВЕСТИ

Уапсен Иранец во Германија, планирал напад со смртоносни отрови

Триесет и двегодишен Иранец е уапсен во Германија поради наводно планирање на терористички напад мотивиран од исламисти, пишува „Би-Би-Си“.

Иранецот планирал да употреби цијанид и рицин за да изврши сериозен чин на насилство, соопшти германската полиција, додека го претресувала неговиот стан во регионот Рур и ги пронашла смртоносните супстанции.

Покрај него, уапсено е уште едно лице, двајцата остануваат во притвор.

Германската агенција ДПА објави дека на местото на настанот дошле бројни вработени во различни служби во заштитни одела.

Истрагата е во тек, а се уште не е јасно до каде напредувале плановите за напад.

Германија во последните години беше цел на бројни напади на исламистите, пишува Би-Би-Си и потсетува дека во 2016 година во напад со камион на божиќниот пазар во Берлин загинаа 12 лица, а десетици беа повредени.

Спонзорирано: