4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

ЕУ ќе водеде нови правила за добивање на возачки дозволи

Eвропската Унија оваа година планира да донесе нова директива за возачки дозволи. Засега тоа е само нацрт, но познати се првите контури на предлогот што ќе го усвојат европските тела, пишува германскиот автоклуб ADAC.

Возачката дозвола од Б категорија се однесува само на моторни возила до вкупна дозволена маса од 3,5 тони. Со тоа, повеќето мобилни домови не смеат да ги управуваат имателите на возачка дозвола, бидејќи тие се премногу тешки. Оттука се планира зголемување на дозволената вкупна маса на 4,25 тони.

Регулативите кои порано важеа само на национално ниво ќе бидат признати низ цела ЕУ

Веќе неколку години, возачката дозвола Б категорија во Германија може да се прошири и на возачката дозвола Б196. Со тоа се овозможува возење на лесни мотоцикли до 125 кубика, но само во Германија. Тоа може да се промени со четвртата Директива за возачка дозвола. Имено, прописите кои претходно се применуваа само на национално ниво во иднина ќе бидат признати низ ЕУ. Тогаш би можело да се патува преку националните граници со мотоцикл од 125 кубика.

Минималната возраст за возачки дозволи за камиони или автобуси може да се намали на 18 години. Во Германија, на пример, Ц категорија за камиони може да се добие само на возраст од 21 година, а категоријата Д за автобуси само на возраст од 24 години.

Дигиталната возачка дозвола треба да добие и втора шанса: целта е соодветната апликација за паметен телефон да биде доволна во случај на полициска проверка или кога изнајмувате автомобил. Се размислува и за QR код кој ќе го замени сегашниот чип за да биде поотпорен на фалсификување.

Досега не можеше да се положи теоретски и практичен возачки испит во различни земји членки на Европската Унија. За да се земе предвид зголемената мобилност на населението, тоа треба да се дозволи во иднина. За тоа би требало да се поедностават сегашните регулативи за престој.

Исто така, се дискутира дека практичната настава треба да се започне само откако теоретскиот испит е успешно положен. Во иднина барем дел од возачкиот испит би можел да се полага на симулатори. Задолжителниот курс за освежување на знаењето една година по добивањето на возачка дозвола е наменет за намалување на бројот на несреќи. Експертите за безбедност на патиштата ја препорачаа оваа мерка.

Должината на одземање на возачката дозвола (на пример, за возење под дејство на алкохол) треба да биде стандардизирана и взаемно да се признае. Забраната за возење воведена во Италија тогаш ќе се применува и во Германија.

Во овој контекст, пишува Феникс Магазин, се бараат и униформни гранични вредности за консумирање алкохол и дрога, да се усогласат системите за бодови во различни земји, а податоците за возачките дозволи на сите граѓани на ЕУ да се чуваат во европска база на податоци. Тоа би требало да ги олесни полициските проверки.