Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СветВо тренд...

Бројот на повредени во судирoт на возови се искачи на 57 лица

Најмалку едно лице загина, а 57 се повредени при судирот на два воза на метрото во Мексико Сити.

Возовите се судриле меѓу две станици, а градоначалничката Клаудија Шајнбаум на Твитер изјавила дека несреќата се случила на линијата три од метро системот, но не ја прецизирала причината за судирот.

Шејнбаум рече дека една жена е почината, а 57 други се повредени и пренесени во седум болници.

Во урнатините на возот беа заробени четири лица, меѓу кои и машиновозачот на еден од возовите, кој наводно е во тешка состојба.