Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
CentarСветТОП ВЕСТИ

Ранетите момчиња во добра состојба, прекинати протестите и блокадата на патот Урошевац-Штрпце

Момчето Стефан Стојановиќ (11) и Милош Стојановиќ (21), кои вчера беа ранети кај Штрпце кога локален Албанец пукал во нив од возило во движење, се добро и се опоравуваат. Напаѓачот е уапсен. Населението ги прекина протестите и блокадата на патот Урошевац-Штрпце, пренесува РТС. Нападот го осудија Белград и Приштина, како и претставници на ЕУЛЕКС, ОЕБС и Европскиот парламент.

По разговор со претставници на локалната власт и ветувањата на полицијата, жителите одлучија да ги прекинат протестите и блокадата на патот Урошевац-Штрпце.

Договорено е полицијата уште еднаш да постави контролни пунктови на влезот во Штрпце и на излезот кај Јажнице.

Беше договорена средба и со градоначалникот на Штрпце, претставници на селото и полицијата, на која граѓаните ќе ги достават барањата до полицијата поврзани со безбедноста.

Нападот го осудија и Белград и Приштина. Српскиот претседател Александар Вучиќ им испрати поддршка на ранетите момчиња.

Европската унија го осуди инцидентот и оцени дека е важно властите во Приштина да го истражат ова грозоморно злосторство, соопшти портпаролот на ЕУ Петер Стано.