10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Русите објавија предвидувања за 2023 година: може да експлодира во Косово, но и во БиХ

Рускиот државен медиум „РИА новости“ ја објави својата геополитичка прогноза за 2023 година. Се осврна на деловите од светот во кои Русија има посебни интереси, а интересно е што своите предвидувања ги почнаа со Западен Балкан.

Така, на почетокот пишуваат дека прогнозите за следната година се движат од „ништо не може да нè изненади“ до „сè ќе се промени“.

„Но, нема смисла да се чека крајот на светот или да се надеваме на чудо – 2023 година ќе стане логично продолжение на 2022 година, а во многу поголема мера од минатата година ќе продолжат трендовите од претходната. Главниот настан оваа година ќе остане војната во Украина и сè што е поврзано со тоа. И речиси сè е поврзано – од цените на суровините до процесот на уривање на атлантскиот светски поредок“, пишува „РИА новости“.

„РИА новости“ понатаму тврди дека геополитичкиот центар на гравитација ќе продолжи да се префрла од Европа и Медитеранот во регионот на Пацификот, но и дека „повеќето од најжешките точки на болка остануваат во Азија и Европа – тука не само Косово туку и Босна може да експлодира во новата година“, наведува руската новинска агенција.

Потоа се свртеа кон прашањето за Тајван за кое таа тврди дека ќе стивне оваа година, но тоа нема да ја спречи конфронтацијата меѓу САД и Кина.

„За колективниот Запад, новата година ќе биде тест на силата како за односите меѓу ЕУ и САД така и за самата ЕУ. Незадоволството на Европејците од Американците, од кои нивната зависност расте, ќе расте, но ќе биде совладан од стравот што се пумпа пред Русија, противречностите во ЕУ ќе се зголемат, но не толку за да ја парализираат организацијата.

Франција и Германија нема да може да се договорат за суштината на заедничкото лидерство, ниту за принципот на стратешка автономија ниту ќе може да се договорат за плановите за прием на Западен Балкан во ЕУ.

Барањето за почеток на преговорите со Русија за новите принципи на стратешка безбедност на континентот ќе звучи сè поупорно, но елитите како целина ќе продолжат да ја држат линијата надевајќи се дека Европа ќе успее да ја задржи Украина за себе, пренесе „Индекс.хр“.

Спонзорирано: