11.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Сопственикот на „Фристајлер“ еден час пред несреќата знаел дека сплавот почнал да се полни со вода

Сопственикот на белградскиот сплав „Фристајлер“, кој почна да тоне на новогодишната ноќ неколку минути по полноќ, еден час пред инцидентот бил известен дека во објектот влегува вода, а при евакуацијата дошло до тепачка во која учествувало обезбедувањето на објектот што тонел.

Ова утрово го објави репортерката на ТВ „Прва“ пред сплавот. Сепак, таа не го прецизира изворот на оваа информација. Инаку, како што информира таа, сплавот „Фристајлер“ не само што се движел наназад и уште повеќе се навалил туку и го откорнал бетонскиот столб на кој бил прикачен, а ѓубрето веќе трет ден по ред се растегнува покрај брегот, додаде таа.

Сопственикот, директорот и управителот на сплавот „Фристајлер“ синоќа беа уапсени како виновници за овој инцидент, кој само од чиста среќа не заврши фатално. Ним им е одреден притвор до 48 часа по што утре заедно со кривична пријава ќе бидат изведени во Третото основно јавно обвинителство во Белград и ќе бидат сослушани.

Репортерите на ТВ „Прва“ ја пренесоа и информацијата дека сопственикот бил известен еден час пред инцидентот оти водата почнала да навлегува во сплавот, како и дека обезбедувањето „тепало неколку луѓе, кои сакале да си ги земат своите работи“.

„Имаше информација дека сопственикот бил известен оти водата почнала да навлегува во сплавот, но рекол дека нема потреба од грижи и дека сплавот не може да потоне иако на него има речиси два-трипати повеќе луѓе отколку што е пропишано“, изјави репортерката Милица Савиќ, известувајќи пред самиот сплав.

Спонзорирано: