14.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Пропагаторот на Путин им порача на Русите: Не плашете се од смртта, животот е преценет

Пропагаторот на Путин, Владимир Соловјов, во својата емисија на руската државна телевизија „Росија 1“ ги повика Русите да не се плашат од смртта нагласувајќи дека „животот е многу преценет“, а смртта во секој случај е неизбежна.

Гостите го поддржаа неговото гледиште обвинувајќи ги своите сограѓани дека претходно живееле од ден на ден, а сега имаат „нематеријален сон, повисока цел“.

„Животот е многу преценет. Зошто да се плашиме од она што е неизбежно? Особено кога одиме во рајот. Смртта е крај на еден земен пат и почеток на друг. Но, не плашете се од неа и оставете да влијае на вашите одлуки…“, рече Соловјов.

Тој се залагаше за гледиштето дека „вреди да се живее само за нешто за што може да се умре“.

Тој исто така рече дека руските војници на линијата на фронтот во Украина имаат „многу јасно разбирање за што се борат“.
Наративот на Кремљ дека руските вооружени сили „се борат против сатаната“ во Украина се повтори во преносите, пишува „Украинска правда“.

Шефот на украинското разузнавање неодамна изјави дека верува оти руското раководство ќе почне нов бран на мобилизација на 5 јануари 2023 година бидејќи нивната војска има недостиг од работна сила.

Рускиот претседател Владимир Путин потврди дека најмалку 300.000 луѓе ѝ се приклучиле на армијата за време на првиот бран на мобилизација во руската армија, а 150.000 наводно биле распоредени во Украина.

На крајот на октомври Путин изјави дека делумната мобилизација е завршена.

Спонзорирано: