15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

КФОР: Ги отстрануваме возилата блокирани на патот на северот на Косово

Мисијата на НАТО на Косово – КФОР соопшти дека спроведува акција за отстранување на одредени возила кои се блокирани на патот на северот на Косово.

– Мисијата на КФОР спроведува инженерски операции на северот на Косово, со цел да се отстранат некои возила блокирани на патот и да се врати слободата на движење во согласност со нејзиниот мандат од ОН – се вели во соопштението на КФОР на Твитер.

Од оваа мисија, пак, не беше соопштено за какви блокади станува збор, односно каде се отстрануваат возилата.

Изјавите на КФОР доаѓаат само неколку дена по отстранувањето на барикадите на северот на Косово.

Спонзорирано: