20.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

ЕУ и нуди на Кина бесплатни вакцини против корона

ЕУ ѝ понуди на Кина бесплатни вакцини против коронавирус, соопшти извршното тело на Европската унија, бидејќи бројот на заразени луѓе во Кина се зголеми откако Пекинг ја олесни политиката за „нула случаи“.

Кина се уште не одговорила дали ќе ја прифати понудата, изјави за новинарите на редовен брифинг портпаролот на Европската комисија. Тој не го прецизираше количеството вакцини што ги нуди ЕУ или производителите.

„Со оглед на ситуацијата со Ковид во Кина, комесарката за здравство Стела Киријакидес им се обрати на своите кинески колеги да им понуди европска солидарност и поддршка. Тоа вклучува експертиза за јавното здравје, како и донации на вакцини од ЕУ прилагодени на варијанти на вирусот“, рече Европската портпаролка.

Спонзорирано: