Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Свет

Двајца француски и еден белгиски државјанин обвинети за шпионажа во Иран

Иран обвини двајца француски и еден белгиски државјанин за шпионажа и активности против националната безбедност на земјата. Ова денеска го соопшти неименуваниот портпарол на правосудството, пренесе новинската агенција „Студент њуз нетворк“.

Агенцијата не соопшти каде и кога биле обвинети тројцата странци.

Се наведува дека Исламската Република ги обвинила за поттикнување на немирите што избувнаа во Иран по смртта на курдскиот Иранец Махса Амини (22), кој беше уапсен од „полицијата на моралот“ поради наводно неправилно носење хиџаб.

Протестите претставуваат еден од најхрабрите предизвици за раководството на земјата од револуцијата во 1979 година и ги привлекоа Иранците од сите сфери на животот, наведува британската агенција.