3.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото: илустрација/pixabay
СВЕТ

Австриската полиција двапати во четири дена го уапси истиот Босанец

Полицијата во Клагенфурт по втор пат за четири дена уапсила државјанин на БиХ, кој во двата случаи и се заканувал на поранешната партнерка.

Имено, тој беше уапсен на 28 декември минатата година бидејќи и се заканувал на поранешната партнерка на нејзиното работно место, по што и го демолирал нејзиниот автомобил.

Потоа добил забрана за задржување.

Но, тој е ослободен по четири дена и само неколку часа по излегувањето од затвор отишол на нејзината адреса каде ја удрил вратата и направил хаос низ зградата, пишува Независне.

Повторно го пријавила во полиција за нарушување на јавниот ред и мир, но и за прекршување на полицискиот час кој е на сила.

Портпаролката на полицијата Кристина Капелари за австрискиот Крон изјавила дека се обидел насилно да влезе во нејзиниот стан, а кога не успеал, почнал да крши се што е на скалите на зградата.

Откако бил приведен, злосторникот веднаш бил однесен во затворот во Клагенфурт.

Спонзорирано: