10.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Press conference by NATO Secretary General Jens Stoltenberg following the first day of meetings of NATO Defence Ministers
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Столтенберг: Можна нова руска офанзива врз Украина

Столтенберг изјави за Би-Би-Си дека делумната мобилизација на Русија, започната во септември, покажува дека Москва не планира да ги прекине непријателствата во блиска иднина.

– Сето ова укажува дека тие се подготвени да ја продолжат војната и да се обидат потенцијално да започнат нова офанзива – тврди тој.

Шефот на воениот блок предводен од САД, исто така, инсистираше на тоа дека Западот продолжи да обезбедува оружје и други форми на поддршка за Украина. Според генералниот секретар, „ова е единствениот начин да се убеди Русија дека мора да седне и да преговара со добра волја и да ја почитува Украина како суверена независна нација во Европа“.

– Она што го знаеме е дека она што може да го постигне Украина на таа маса зависи целосно од нејзината сила на бојното поле – нагласи тој.

Столтенберг во петокот рече дека, иако тоа „може да звучи парадоксално“, западната воена поддршка за Украина е „најбрзиот пат до мир“.

Спонзорирано: