Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КоронавирусСвет

ЕУ подготвува заеднички одговор на порастот на заразени со Ковид-19 во Кина

Во среда, на 4 јануари, здравствените експерти на владите на ЕУ ќе разговараат за заедничкиот одговор на зголемувањето на бројот на заразени со корона вирусот во Кина, соопшти денеска портпаролката на шведското претседателство со Европската унија.

Досегашните дискусии на здравствени експерти од владите на ЕУ, здравствените агенции на ЕУ и претставници на Светската здравствена организација за ситуацијата со корона вирусот во Кина, што се одржаа на 29 декември минатата година, не доведоа до заеднички заклучок, пренесува Ројтерс.

Италија побара од другите членки на ЕУ да го следат нејзиниот пример и да воведат тестирање на патници од Кина, со оглед на најавата на Пекинг дека ќе ја укине забраната за патување од земјата на 8 јануари, но не најде поддршка од остатокот од ЕУ.