5.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Шведска од полноќ го презеде претседавањето со Европската унија

Шведска од полноќ го презеде претседавањето со Советот на Европската унија од Чешка.

Шведска е членка на ЕУ од 1995 година и ова е трето претседавање со земјата по 2001 и 2009 година.

Земјите-членки на ЕУ претседаваат со Советот на ЕУ на секои шест месеци и за тоа време претседаваат со состаноци на сите нивоа во Советот, кој заедно со Европскиот парламент е законодавно тело на ЕУ.

Во програмата на своето претседателство, под слоганот „Позелено, побезбедно и послободно“, шведската влада постави четири приоритети: безбедност и единство, конкурентност, зелена и енергетска транзиција и демократски вредности и владеење на правото, пренесува Хина.

Една од целите на шведското претседателство е завршување на преговорите за климатскиот пакет „Подготвени за 55 проценти“, кој содржи низа предлози насочени кон намалување на нето емисијата на стакленички гасови во ЕУ за најмалку 55 проценти до 2030 година.

Во тоа беше многу успешно чешкото претседателство кое ги заклучи сите предлози од пакетот поврзани со заштитата на климата, а најважна задача за шведското претседателство останува енергетскиот дел, односно договорот за директивата за обновливи извори на енергија и директивата за енергетска ефикасност.

Спонзорирано: