7.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Се обиде да влезе на инаугурацијата на Лула да Силва со бомба и нож

Инаугурацијата на Лула да Силва, кој победи на претседателските избори во Бразил минатата година, се одржа денеска во главниот град на земјата.

Властите во Бразил уапсија маж вооружен со нож и експлозивна направа, кој се обидел да се инфилтрира на инаугурацијата на новоизбраниот претседател на земјата, Лула да Силва.

Претходно оваа недела, Врховниот суд на Бразил објави забрана за носење оружје во бразилската престолнина за време на церемонијата на полагање заклетва на Лула.

-Изречена е привремена суспензија на правото на носење секаков вид огнено оружје и муниција – се наведува во соопштението на судот.

Спонзорирано: