4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Русија забранува дистрибуција на филмови кои промовираат ЛГБТ, дрога, промена на полот и педофилија

Руската влада забрани издавање сертификати за дистрибуција на филмови кои промовираат ЛГБТ, педофилија, промена на полот и дрога, пренесе РИА Новости.

„Забраната е валидна доколку филмот содржи информации за методите на развој и производство на наркотични дроги, психоактивни супстанци, тогаш, доколку има материјал кој промовира порнографија, насилство, суровост, нетрадиционални сексуални односи и (или) тенденција кон педофилија, промена на полот“, документот објавен на една од државните веб-страници.

Се наведува дека Министерството за култура, за да ја оцени содржината на филмот, има право во разгледувањето на ова прашање да вклучи стручна комисија за оцена на филмовите создадени во рамките на своето министерство.