10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Од денеска во Франција кондомите се бесплатни за сите помлади од 25 години

Кондомите за млади Французи до 25 години сега се бесплатни во сите аптеки низ земјата, пренесува ДПА, додавајќи дека владата на претседателот Емануел Макрон смета дека тоа е превентивна мерка за спречување на несакана бременост и сексуално преносливи болести.

Овој план Макрон го претстави на почетокот на декември и првично беше наменет за млади од 18 до 25 години, но по критиките тој беше проширен и на малолетници.

Мерката за бесплатна контрацепција, вклучувајќи апчиња и спирали, за жени до 25 години е на сила веќе една година, а претходно право на бесплатни апчиња за контрацепција имаа и девојките до 18 години.

Со иницијативата за кондоми, Макрон се обидува да го реши проблемот со сексуалното здравје кај младите.

За сексуалното образование, Макрон рече дека Франција не се изразила и дека „реалноста е многу, многу далеку од теоријата“.

„Мораме подобро да ги едуцираме наставниците во таа област, мораме повторно да ги сензибилизираме“, рече Макрон.

Спонзорирано: