3.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Facebook
СВЕТ

Макрон на хрватски јазик го честиташе влезот во еврозоната

Францускиот претседател Емануел Макрон им честиташе на граѓаните на Хрватска за влезот во еврозоната. Во пораката вметнал реченици на хрватски јазик.

„Почитувани хрватски пријатели, добредојдовте во Европа“ честиташе Макрон.

„Со вас еврозоната ќе биде уште посилна во заштитата на нашите граѓани и промовирањето на нашата Европа во светот“, посочи тој.

„Тој чекор е силен симбол на виталноста на европскиот проект, кој продолжува да не привлекува и зближува. Хрватска самостојно одлучи дека ќе учествува уште повеќе во нашата заедничка европска авантура. Заедно ќе истраеме во олеснувањето на размената, патувањето, инвестиции, движење на капитал и вештини“, додаде тој.