8.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Конашенков: Во артилериските контра напади, уништено е украинско артилериско оружје и воени инсталации

Руските војници вклучени во специјална воена операција уништија две хаубици од полско производство во Доњецката Народна Република, изјави денеска портпаролот на руското Министерство за одбрана, генерал-полковник Игор Конашенков.

„Како дел од артилериските контра напади, две самоодни хаубици „Краб“ од полско производство беа уништени на стрелачки позиции во близина на населбите Иванопоље и Звановка во Доњецката Народна Република (ДНР), од каде што украинските сили гранатираа станбени области“, рече Конашенков

Тој додаде дека две украински хаубици Д-20 се уништени во близина на населбата Невски во Луганската Народна Република.