15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Инциденти на новогодишната ноќ во Италија, ампутирана рака на момче, тинејџер застрелан во глава

Повеќе од 80 луѓе се повредени за време на новогодишните прослави низ Италија, соопштија властите.

Најтешко повреденото момче во градот Трант, на кое синоќа лекарите морале да му ја ампутираат десната рака, откако во неа му експлодирала петарда. Веднаш бил хоспитализиран и се наоѓа на ортопедско одделение.

Иако лекарите се обиделе да ја спасат раката со операција, на крајот сепак морале да ја отстранат, бидејќи била „буквално разнесена“.

Поради експлозија на петарда е хоспитализирано и осумгодишно момче во Неапол. Во близина на окото му експлодирала петарда.

Во истиот град, тинејџер бил застрелан во лицето на тераса од стан. Во моментот на инцидентот тој бил на терасата со својот вујко, а потоа во еден момент почувствувал силна болка во пределот на лицето.

Веднаш со возило на Брза помош бил пренесен во болница, каде му биле констатирани две рани, едната во близина на десната, а другата во близина на левата страна на вилицата.

Лекарите веруваат дека се работи за влезна и излезна прострелна рана. За среќа успеал да преживее и моментално е во болница на лекување.

Млад човек (25) од Мароко бил застрелан за време на новогодишната прослава во Милано, а полицијата веднаш по инцидентот успеала да го уапси напаѓачот.

За време на новогодишната ноќ во Рим биле запалени 59 автомобили, а низ улиците на градот до пет часот наутро одекнувале петарди и огномети.

Во градот Вал ди Суза, 25-годишен маж паднал од насип висок пет метри. По падот ги повредил грбот и рамото и итно бил опериран.

Италијанските власти објавија дека службите за итни случаи интервенирале 646 пати низ целата земна.

Спонзорирано: